Кошаркарите на Индијана поведоа со 2:0 во победи против Кливленд во второто коло од плејофот на Источната конференција на НБА. Индијана славеше против Кавалирс со 120:119.Ова е прв пат Пејсерс да ги добијат првите два натпревари од плејоф серијата на гостински терен од 1994 година, кога го добија првото коло против Орландо.

Херој на Пејсерс, во победата над најдобриот тим во Источната конференција, беше Тајрис Халибартон, кој погоди тројка за победа на 1,1 секунда до крајот на натпреварот. Пејсерс во последните 47,9 секунди постигнаа осум поени и забеележаа уште еден брејк, пред да ја преселат серијата на дмашен терен.

Халибартон постигна 11 од своите 19 поени во последните 12 минути од натпреварот.

Откако Ендру Нембхард го пресече лошо изведениот аут на Макс Струс на 27,5 секунди до крајот, Индијана се обиде да дојде до потенцијално израмнување, Халибартон беше фаулиран, го погоди првото слободно фрлање, но го промаши второто, фати офанзивен скока, потоа издрибла до линијата за три поени и погоди за победа.

Арон Нембхарт и Мајлс Тарнер ја предводеа Индијана до победата со по 23 поени, а покрај Тајрис Халибартон 19 поени постигна Бенедикт Матурин.

На Кливленд не му помогна ниту брилијантниот Донован Мичел кој постигна 48 поени и девет асистенции, а се истакнаа и Макс Страс со 23 и Џарет Ален со 22 поени и 12 скока.

Серијата се игра на четири победи, а следниот натпревар е во ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин е Индијана.

Текстот (Видео) Кливленд Квалирс загубија добиен натпревар, им пресуди тројката на Халибартон е превземен од МАКФАКС.