Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“ денеска се врати на Земјата, донесувајќи ги првите примероци некогаш собрани од другата, темна страна на Месечината, јавија кинеските медиуми.

Кинеска сонда слета во северниот кинески регион Внатрешна Монголија, донесувајќи примероци од лунарната почва што ги собрала претходно овој месец.

Кинеската сонда без екипаж слета на темната, оддалечена страна на Месечината на 2 јуни, подвиг што ниту една друга земја досега не го направила.

Зошто е важно да се собираат примероци од далечната страна на Месечината?

Џејмс Карпентер, шеф на Канцеларијата за наука за Месечината на Европската вселенска агенција, рече дека примероците собрани од мисиите Аполо од блиската страна на Месечината покажуваат дека басенот Јужен Пол-Ајткен на далечната страна настанал за време на ерата на екстремно тешко бомбардирање на Сончевиот Систем, Земја и Месечина.

„Ова е навистина клучен настан во историјата на целиот Сончев систем, но има одредена контроверзност околу тоа дали се случило или не“, рече тој. „За да го разбереме ова, треба да ги усогласиме овие настани, а тоа ќе биде направено со помош на примероци од далечната страна на Месечината од јужниот пол – басенот Ајткен.