Кејти Пери (40) наскоро тргнува на светска турнеја наречена Lifetimes, која малку ќе се разликува од нејзините претходни настапи. Имено, пејачката откри дека порано ќе ги започне своите настапи поради четиригодишната ќерка Дејзи Дов Блум, која ја доби со актерот Орландо Блум (48).

View this post on Instagram

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

„Таа ќе биде на дел од турнејата, но мислам дека ќе воведам претходни шоуа. Сега ја разбирам динамиката и сите варијабли за носење на моите деца на концерти“, опишала Кејти во интервју за „Аксес Холивуд“.

„Понекогаш овие настапи се во работни денови, па децата треба да одат на училиште следниот ден, веројатно ќе консумираат многу шеќер на концертите, ќе бидат со своите пријатели и сите ќе бидат возбудени, па тоа ќе бидат шоуа во 20:30 часот“, рече таа. Пред да се роди нејзината ќерка, вели таа, повеќето концерти ги започнувала помеѓу 21 и 21:15 часот.

Таа не ја исклучи можноста Дејзи некогаш да и се придружи на сцената, бидејќи вели дека е многу екстровертна. „Таа не е срамежлива и сака да пее. Сака музика и што прават мама и тато, сака да не гледа среќни”, опишала таа.

Текстот (Видео) Кејти Пери го премести времето на настапите на турнејата поради ќерката е превземен од МАКФАКС.