Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува за време на прес-конференцијата откако министерот за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор кивна.

Додека одговараше на прашање за лекови на рецепт, Трамп беше прекинат од кивањето на Кенеди. Трамп застана и се сврте кон Кенеди и рече: „Бог да те благослови, Боби“.

Потоа додаде: „Се надевам дека не се заразив со Ковид!“

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, исто така беше присутен на прес-конференцијата. Трамп се сврте кон него и рече: „Тој има Паксловид, дај ми Паксловид сега!“ Трамп мислеше на антивирусниот лек што се користи за лекување на симптомите на Ковид-19.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Кенеди кивна на прес-конференција; Трамп: Се надевам дека не се заразив со Ковид е превземен од МАКФАКС.