Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Стеф Кари влезе во историјата на НБА лигата, Оклахома го запиша 13 триумф во низа, а дуелот меѓу Бруклин и Милвоки имаше неверојатен финиш.

Голден стејт Вориорс ја декласираа Филаделфија со 139:105. Вориорс ги предводеше Стивен Кари со 30 поени, 10 асистенции и шест скока. Не промаши за три поени, ги погоди сите осум обиди.

Плејмејкерот на Голден Стејт стана единствениот играч во историјата на лигата кој искомбинира ваков учинок со двоцифрен број асистенции.

Оклахома ги совлада Лос Анџелес Клиперс со 116:98 и ја постигна 13-та последователна победа. што е нов рекорд на франшизата.

Шеј Гилџис-Александер беше најефикасен кај победничкиот тим со 29 поени и 8 асистенции, Џејлен Вилијамс додаде 18 поени.

Најефикасен во тимот на Лос Анџелес беше Амир Кофи со 26 поени.

Кошаркарите на Бостон ја совладаа Минесота со 118:115, предводена од Џејсон Тејтум, кој постигна 33 поени, заедно со девет асистенции и осум скока.

Џулиус Рендл беше најефикасен кај Минесота со 27 поени, осум скока и седум асистенции. Наз Рид додаде 20 поени, а Џејден МекДаниелс имаше 19 поени и 8 скока.

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Портланд со 114:106. Најефикасен кај победничкиот тим беше ветеранот Леброн Џејмс со 38 поени и осум асистенции, Макс Кристи постигна 28 поени, а Остин Ривс имаше 15 поени, 11 асистенции и осум скока.

Кошаркарите на Бруклин го совладаа Милвоки со 113:110.

Нетси ги предводеа Камерон Џонсон со 26 поени и Кем Томас со 24 поени и седум скока. Ник Клакстон додаде 16 поени и 11 скока, а Д’Анџело Расел забележа 11 поени и 12 асистенции.

Јанис Ацдетокумбо натпреварот го заврши со 27 поени, 13 скока и седум асистенции, Демијан Лилард постигна 23 поени со седум асистенции, а Боби Портис имаше 15 поени со осум скока.

Бруклин водеа со 111:90 на неполни седум минути до крајот, по што Бакс постигнаа 20 последователни поени, имаа шанса да поведат, но Адетокумбо промаши положување.

Заир Вилијамс на 6,1 секунда до крајот со двете слободни фрлања му ја обезбеди победата на Бруклин.

НБА, резултати:

Мајами – Индијана 115:128
Минесота – Бостон 115:118
Бруклин – Милвоки 110:113
Оклахома – ЛА Клиперс 116:98
Голден Стејт – Филаделфија 139:105
ЛА Лејкерс – Портланд 114:106

Текстот (Видео) Кари испиша историја во НБА, Оклахома го подобри рекордот на франшизата е превземен од МАКФАКС.