Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првиот претседател на Белата куќа по осум години која ужива во пиво, како што покажа во вторникот вечерта во забавната емисија кога подели шише пиво со водителот Стивен Колберт.
За разлика од претходните двајца станари на Белата куќа, заколнатите антиалкохоличари Доналд Трамп и Џо Бајден, демократската кандидатка призна дека понекогаш сака пиво.
Харис откри дека последен пат пиела пиво со сопругот Даг Емхоф за време на бејзбол натпревар.
Текстот (Видео) Камала Харис пиеше пиво во ТВ емисија е превземен од МАКФАКС.