„Како би изгледала втора администрација на Трамп? Проектот 2025 изложува сè – и тоа е екстремно. Не се враќаме назад“, напиша Камала Харис на Threads
Post by @kamalaharris
View on Threads
Проектот 2025 на поранешниот претседател, а сегашен каднидат за претседателските избори, Доналд Трамп, опфаќа 922 страници чија агенда се врти околу моќта што тој би ја поседувал, отколку бенефити за американските граѓани.
Проектот 2025 e познат како Проект за претседателска транзиција во 2025 година, и е политичка иницијатива која има за цел да промовира конзервативни и десничарски политики за преобликување на сојузната влада на Соединетите држави и консолидирање на извршната власт доколку Доналд Трамп победи на Претседателски избори во 2024 година. Проектот содржи контроверзно толкување на унитарната извршна теорија, според која целата извршна власт е под целосна контрола на претседателот. Проектот, исто така, се стреми да ги поттикне владата и општеството со конзервативни христијански вредности. Критичарите го карактеризираа Проектот 2025 како авторитарен, христијански националистички план за насочување на САД кон автократија.