Пејачот Оли победи на Санремо 2025 година со песната „Balorda Nostalgia“, откако гласовите на новинарското жири, радио жирито и телевизиското гласање од првите три вечери на фестивалот беа комбинирани со резултатите во финалето.
Победничката песна зборува за копнежот што човекот го чувствува за минатото, за разлика од сфаќањето дека мора да оди напред. Оли го изведува доста емотивно, успевајќи длабоко да се поврзе со публиката. Тој ги истражува емоциите за старите спомени, врски и моменти кои го обликувале.
Театарската сцена Аристон, како и секогаш, беше домаќин на познати уметници, поранешни учесници на Евровизија, а сите настапија со оркестар.
Интересно е што Оли настапи со Горан Бреговиќ на четвртата вечер на Санремо, која уште се нарекува и насловна вечер. Оли изведе прекрасна обработка на иконската песна „Il Pescatore“ на легендарниот пејач и текстописец Фабрицио Де Андре, а Бреговиќ и неговиот оркестар му дадоа посебна енергија на целиот настап.
Текстот (Видео) Италија избра песна што ќе ја претставува на Евровизија, Оли е победникот на годинешното „Санремо“ е превземен од МАКФАКС.