реклама

Има кратки писти, нерамни писти и писти со обратен ветар, но сега има уште една која влева страв во коските на патниците – широка 60 метри и долга 3.000 метри – ледена писта на Антарктикот.

Боинг 787 Дримлајнер успеа да слета на ледена писта долга 3.000 метри и широка 60 метри на Антарктикот во многу различни услови од вообичаените.

реклама

Дримлајнер слета на пистата на истражувачката станица Трол кратко по 2 часот по полноќ под силна сончева светлина, бидејќи леташе на јужната хемисфера.

Така, Боинг 787 стана најголемиот патнички авион кој некогаш слетал на Антарктикот.

реклама

Авионот превезувал 45 истражувачи и 12 тони истражувачка опрема од Норвешкиот поларен институт. Авионот полетал од Осло на 13 ноември и застанал во Кејп Таун пред да се упати појужно за да слета во средата навечер, јавува Си-Ен-Ен.

„Дозволете ми да кажам во името на целиот тим колку сме почестени и возбудени што постигнавме вака важно слетување заедно“, рече Бјорн Торе Ларсен, извршен директор на Norse Atlantik, во изјавата.

реклама

„Во духот на истражувањето, горди сме што учествуваме во оваа важна и единствена мисија. Тоа е вистински доказ за нашите високо квалификувани пилоти и екипаж и нашиот најсовремен авион Боинг“.

Камила Бреке, директорка на Норвешкиот поларен институт, рече дека користењето на поголем авион е поодржлив начин да се стигне до најјужниот континент. „Најважниот аспект е еколошката придобивка што може да се постигне со користење на големи и модерни авиони кои можат да помогнат во намалувањето на вкупните емисии и влијанието врз животната средина на Антарктикот“, рече таа.

„Слетувањето на толку голем авион отвора нови можности за логистика во Трол, што исто така ќе придонесе за зајакнување на истражувањето на Антарктикот“, рече Бреке.

реклама