Иран е шестиот учесник на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
По организаторите: САД; Канада и Мексико, низ квалификациите пласман изборија Јапонија, Нов Зеланд и Иран. Во осмото коло од квалификациите во Азија, Иранците пред своите гледачи ремизираа со Узбекистан 2:2.
Двоен стрелец за Иран беше напаѓачот на Интер, Мехди Тареми.
Со ова реми, на две кола пред крајот, селекцијата на Иран и теоретски обезбеди едно од првите две места кои водат директно на Мундијалот.
По натпреварот славеа домашните фудбалери, а наскоро историски пласман на Мундијалот би можеле да слават и во Узбекистан. Узбекистанците имаат четири бода повеќе од Обединетите Арапски Емирати.
Текстот (Видео) Иран е шеста репрезентација со обезбеден пласман на СП е превземен од МАКФАКС.