Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти барајќи итно ослободување од притвор на шест активисти од опозициските организации СТАВ (Студенти против авторитарната влада) и ПСГ (Движење на слободни граѓани), јавува Н1.

Активистите се во притвор веќе 60 дена, а вчера судот им го продолжи притворот за дополнителни 30 дена.

Толпата се собра и пред задниот влез во зградата, каде што околу педесет вработени се обидоа да влезат на своите работни места. Во тој момент, настанала тепачка меѓу насобраните граѓани и припадници на интервентната полиција кои се обидувале да им дозволат на вработените да поминат.

Кога не успеале да го сторат тоа, жандармеријата била повикана на помош, а припадници на силите пристигнале во голем број. Ситуацијата ескалираше кога, според сведоштвото на студентка за Н1, кон граѓаните во првите редови бил фрлен солзавец.

„Не го правете тоа на невооружени луѓе, што правите, не на мирни граѓани!“ еден граѓанин им извика на полицајците преку мегафон, додека толпата извикуваше слогани како „Србија!“ и „Пуштете ги сите!“

Текстот (Видео) Инциденти пред зградата на Судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец е превземен од МАКФАКС.