Интер лесно победи во Лече, во 22.коло во Серија и ја продолжи потерата по лидерот Наполи. Актуелниот шампион победи со 4:0.
Интер во раната фаза на натпреварот го отвори резултатот. Во шестата минута погоди Фратези. Предноста во финишот на првиот дел ја зголеми Лаутаро Мартинез.
Во вториот дел Дамфрис ја продолжи голгетерската серија, а точка на натпреварот стави Иранецот Тареми од пенал.
Во Лече, тренерот на Интер Симоне Инзаги влезе во историјата на италијанскиот фудбал. Инзаги стана тренерот кој најбргу стигнал до 200 победи ( на 332 натпревари) во Серија А.
Текстот (Видео) Интер ја продолжи потерата по Наполи, лесно победи во Лече е превземен од МАКФАКС.