Интер повторно има четири бода помалку од лидерот во Серија А, откако во 10.коло победи во Емполи со 3:0. Победи и Верона, со играч повеќе ја стигна предноста на Удиинезе од два гола.
Интер се мачеше во првиот дел против Емполи. Актуелниот шампион не успеа да ја пробије одбраната на донаќинот и покрај тоа што во 31.минута директен црвен картон доби Гогликидзе.
Во вториот дел Фратези постигна два гола, а точка на победата на Интер удри капитенот Лаутаро Мартинез.
Во Верона, Удинезе дојде до два гола предност со головите на Ловриќ и Браво во 19. и 25.минута. До крајот на првиот дел Похјанпало го врати домаќинот во игра. Проблемите на Удинезе се зголемија во 53.минута кога Тире доби црвен картон.
Три минити подоцна предноста на теренот Верона ја материјализираше со голот на Николеску. Големи три бода на Верона и донесе Појханпало со својот втор гол во 86.минута.
Текстот (Видео) Интер победи во Емполи, Верона против Удинезе од 0:2 до 3:2 е превземен од МАКФАКС.