Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откако летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот во Шереметјево, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над московскиот регион, откако претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над московскиот регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство, Росавијација, накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: Шереметјево, Внуково, Домодедово и Жуковски.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, додека дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милиони луѓе.
Фото: принтскрин
Текстот (Видео) Илјадници луѓе се заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови е превземен од МАКФАКС.