(ВИДЕО) Илон Маск негира дека ветил донација од 45 милиони долари месечно за кампањата на Трамп

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ги негира извештаите што се појавија минатата недела дека планира да донира 45 милиони долари месечно во својата новоформирана фондација Супер ПАК, позната по поддршката на кампањата за реизбор на Доналд Трамп. Тој во вторникот, се појави во шоуто на Џордан Петерсон, каде што изјави дека тврдењето „едноставно не е точно“. „Не донирам 45 милиони долари месечно на Трамп“, рече тој.

„Го создадов ПАК или Супер ПАК, или како што сакате да го наречете, се нарекува и Американски ПАК“. ПАК е кратенка за Политички акциони комитети, во чиј состав влегуваат „независни политички организации“ во кои донаторите можат да даваат неограничени суми пари, во услови кога постојат законски ограничувања за висината на донациите, што е посебна приказна.

Во меѓувреме, Маск на „Х“ изјави дека тоа е смешно.

„Давам некои донации за ПАК, но на многу пониско ниво. Клучните вредности на ПАК се поддршка на меритократијата и индивидуалните слободи. Републиканците се главно, но не целосно, на страната на заслугите и слободата“, вели ексцентричниот богаташ познат и по поддршката на Републиканците и Трамп.

На новинарско прашање дали сè уште планира да му донира 45 милиони долари месечно на Трамп, тој одговара:

„Во ниеден момент не сум кажал дека ќе донирам 45 милиони месечно на Трамп. Тоа е фикција што ја создаде Волстрит Журнал“

Ова одрекнување на вртоглавата сума за Трамп (вкупно 180 до изборите) доаѓа само неколку дена откако Џо Бајден се повлече од претседателската трка, кој ја номинира заменик-претседателката Камала Харис за претседателска кандидатка на изборите во ноември.

Подготви: Џ. Д. / ЦИВИЛ МЕДИА