Илон Маск сподели фотографија на Икс од себе како разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, со краток натпис „За Чарли“. Се чини дека ова е нивна прва јавна средба по месеци раздор, што веднаш предизвика шпекулации за помирување, пишува Си-ен-ен.

Според информациите, клучната улога во нивното зближување ја одиграл конзервативниот активист Чарли Кирк, кој служел како медијатор меѓу Маск и Трамп по нивната јавна расправија.

Извор запознаен со ситуацијата открил за Си-ен-ен дека Кирк останал во редовен контакт со Маск. Во една од пораките, тој го предупредил дека неговата негативна реторика за клучните политики на Трамп може да му наштети на целата агенда на поранешниот претседател.

Очигледно, Маск бил склон да ги прифати советите и повратните информации од Кирк.

Текстот (Видео) Илон Маск на комеморацијата за Чарли Кирк седеше до Трамп е превземен од МАКФАКС.