Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на 7 октомври 2023 година, е избрана да го претставува Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.
Рафаел (24) била на музичкиот фестивал Нова кога напаѓачите на Хамас убија 360 млади учесници на забавата и зедоа уште 40 заложници.
Пејачката присуствувала со пријателите и вели дека преживеала криејќи се под мртвите тела во засолниште за бомби осум часа.
Рафаел ја сподели својата приказна додека се натпреваруваше во израелското шоу за таленти HaKokhav HaBa (Следната ѕвезда) и победата во тоа значи дека ќе може да се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија, во мај.
Таа по победата во шоуто рече: „Не можам да објаснам колку сум возбудена и подготвена! Ви благодарам што ми ја дадовте оваа голема чест и што ми верувавте да ја претставувам мојата земја на големиот избор за песна на Евровизија во Швајцарија.
Рафаел, која вели дека сè уште има шрапнели во главата и ногата од нападот на фестивалот, професионално почна да пее дури минатата година.
За време на финалето на музичкото натпреварување, таа отпеа верзија на хитот на ABBA Dancing Queen, посветувајќи ја на „сите ангели“ кои беа убиени на фестивалот.
Таа, исто така, им кажа на гледачите дека „музиката е една од најсилните состојки во мојот процес на лекување“ за време на шоуто.
Текстот (Видео) Израел на Евровизија ќе го претставува девојка која го преживеала масакрот на Хамас, се криела под мртвите тела е превземен од МАКФАКС.