Сезоната во НБА продолжи по паузата за Ол Стар викендот со натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Шарлот Хорнетс. Сензационално победија гостите со екипа славеше 100:97.
Во преден план беа двете суперѕвезди на Лејкерс. Лука Дончиќ не можеше да погоди нешто, а од друга страна Леброн Џејмс имаше две шанси да го одведе мечот во продолжение, имаше две шанси но не усшеа да погоди за три оени. .
Се одеше добро за Лејкерси во првото полувреме кое го добија со 48:37. Но, третиот „езерџиите“ го одиграа под сите сандарди, Шарлот го доби со 32:18 и целосно го сврте натпреварот.
Во четвртата четвртина имаше многу пресврти. Лејкерси во финишот влегоа со три поени предност (88:85). Но гостите со серија од 8:2 го свртеа резултатот на 93:90. Сепак, Лука Дончиќ постигна два поени за водство на Лејкерси од 94:93 на 63 секунди до крајот.
Ламал Бол погоди тројка во следниот напад за нов пресврт, а Руи Хачимура потоа промаши две слободни фрлања. Тоа му овозможи на Шарлот да оди на 98:94. Леброн Џејмс погоди тројка на шест секунди до крајот на 98:97, а речиси веднаш Бол е фаулиран.
Ги погоди двете слободни фрлања и Лејкерси повикаа тајмаут. Имаа уште шест секунди, Џејмс ја презеде одговорноста. Двапати шутираше за три поени, двата пати промаши.
Шарлот до победата го предводеше Бриџис со 29 поени, Ламар Бол постигна два помалку. Кај Лејкерси, Џејмс забележа 26 поени, 11 асистенции и седум скока. Хачимура 17, а Лука Дончиќ 14 со шут 5/18, 11 скока и осум асистенции.
Текстот (Видео) Изненадување во Лос Анџелес, Шарлот ги победи Лејкерси е превземен од МАКФАКС.