Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото беше извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, за безбеднос на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот е превземен од МАКФАКС.