Во немирите што избувнаа во Непал, зградите на парламентот и претседателската палата беа изгорени.

Непалската армија објави соопштение во кое ги обвинува демонстрантите дека ја користат моменталната криза за уништување, ограбување и палење на јавен и приватен имот.

Во соопштението се вели дека доколку ваквите инциденти продолжат, „сите безбедносни институции, вклучително и непалската армија, ќе ја преземат контролата врз ситуацијата“, почнувајќи од 22:00 часот по локално време. Не е разјаснето што конкретно значи ова.

„Ги повикуваме сите граѓани да ја поддржат армијата во овој напор“, се вели во соопштението, додавајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени „по проценката на ситуацијата“.

Текстот (Видео) Изгоре зградата на парламентот и претседателската палата во Непал е превземен од МАКФАКС.