Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска.
Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) го регистрираше земјотресот во близина на Сенд Поинт на островот Попоф кратко по 12:30 часот по локално време (22:30 часот во македонско).
https://t.co/gziwkx6qpv https://t.co/oJOVh4Ch24
— Noteworthy News (@newsnoteworthy) July 16, 2025
Националната океанска и атмосферска управа издаде предупредување за цунами за брегот од најјужниот врв на копното на Алјаска кон Анкориџ.
Жителите во тие зони се повикуваат да се евакуираат во внатрешноста или на повисоки места или на горниот кат од повеќекатница, според Националната метеоролошка служба на САД.
Текстот (Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами е превземен од МАКФАКС.