Дани Карвахал имаше „блиска средба“ со Букаја Сака на полувремето од реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.
„Марка“ пишува дека искусниот дефанзивец, кој поради повреда на лигаментите уште пред неколку месеци ја заврши сезоната „ја презеде капитенската улога веднаш по крајот на првото полувреме за да му приговори на англискиот играч за начинот на кој го изведе пеналот“.
„Дани Карвахал беше првиот што направи чекор напред по судискиот свиреж кој ги испрати сите 22 играчи во тунелот во соблекувалната. Капитенот на Реал Мадрид, кој остана со соиграчите со оглед на важноста на натпреварот, чекаше сите играчи да го напуштат теренот, ги поддржа соиграчите и им аплаудираше на противниците, додека не дојде Букајо Сака“.
Why is Carvajal fighting Saka? Madrid is the worst club in all of football.
— MessiMania (@M10Update) April 16, 2025
Се претпоставува дека Карвахал, кој не играше на овој натпревар, му пришол на Сака по првото полувреме за да му приговори за она што се обиде да направи. Наводно не му се допаднал шутот во стилот на „Паненка“, односно Карвахал заклучил дека Сака покажал непочитување кон Реал.
„Прво нешто му шепна на уво, а по одговорот на англискиот играч, го фати за рака и продолжи со приговорите. Сака не сакаше да се конфронтира и се обиде да тргне кон тунелот, но Карвахал повторно тргна во напад бидејќи не му се допадна неговиот одговор.
Уште едно фаќање за раката пред да настане хаос во кој беа вклучени неколку членови на стручниот штаб на Арсенал и редарите кои се обидуваа да ги разделат играчите додека Карвахал го фати Сака за вратот“, пишува „Марка“, наведувајќи дека тој го предизвикал хаосот.
Арсенал победи во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1, по победата во Лондон со 3:0, „топџиите“ во Мадрид славеа со 2.1.
Текстот (Видео) За малку тепачка поради „Паненка“ на Бернабеу е превземен од МАКФАКС.