Во израелски воздушен напад врз дворот на болницата Ал Акса во центарот на Газа синоќа загинаа четири лица, а 40 други беа повредени, според информациите на болницата и претставници на цивилната заштита. Околу 5.000 раселени Палестинци побараа засолниште во областа.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави дека ова е седми напад врз болничкиот комплекс од јануари и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз цивилите.
Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон командниот центар на Хамас, кој наводно се наоѓал во комплексот на поранешната болница „Шухада Ал Акса“. Израел, исто така, соопшти дека презел мерки за ограничување на цивилните жртви, но го обвини Хамас за користење на цивилната инфраструктура.
Вкупно, најмалку 40 лица, меѓу кои 13 деца, загинаа во израелските напади во Газа вчера, а многумина се пренесени на лекување во болницата Ал Акса.
Текстот (Видео) Жесток израелски напад на дворот на болницата во Газа, најмалку четворица мртви е превземен од МАКФАКС.