Жена од Флорида е осудена на доживотен затвор затоа што го заклучила своето момче во куфер, оставајќи го внатре со часови додека не умрел. 47-годишната Сара Бун уште во октомври беше прогласена за виновна за убиство од втор степен, а сега е осудена.

Обвинителите рекоа дека го заклучила своето момче, Хорхе Торес Ј.Р., во куфер, снимила видео како го исмева пред да го остави во куферот преку ноќ да се задуши и да умре. Неколку членови на семејството на Торес зборуваа пред изрекувањето на пресудата.

„Понекогаш кога ќе погледнам низ прозорецот, го чекам да дојде и да каже – Мамо, те сакам“, изјави Бјанка Торес, мајката на жртвата.

Сестрата на жртвата, Викторија Торес, рече дека Бун „предизвикал огромна болка“. Една од ќерките на жртвата, Ана Викторија Торес, нагласила дека поради смртта на нејзиниот татко, таа е во хронична депресија и анксиозност, пренесува Си-ен-ен.

Бун исто така сведочеше пред изрекувањето на пресудата. Таа тврдеше дека Торес ја малтретирал. За време на судењето, таа и нејзиниот тим од одбраната се обидоа да докажат дека боледувала од „синдром на претепан сопружник“ и дека се плашела од Торес.

Таа истакна дека Торес „ја удирал, плукнал, ја силувал, ја избодел и давел“.

Во февруари 2020 година, парот пиел алкохол и си играл криенка, се вели во изјавата на државниот обвинител Ендрју Бејн. Мислеа дека „би било смешно“ да влезат во куферот како дел од играта, се додава. Бун тврдеше дека Торес доброволно влегол во куферот, пред таа да го затвори со патент.

Текстот (Видео) Жена во САД играла криенка со своето момче и го оставила во куфер да умре, осудена е е превземен од МАКФАКС.