Еруптира вулкан во Индонезија, а пепелта достигнала висина од 9,5 километри. Властите го кренаа статусот на тревога на највисоко ниво и ги повикаа туристите и локалното население да се држат настрана.
Планината Левотоби Лаки-Лаки, вулкан со два врва висок 1.584 метри на туристичкиот остров Флорес, еруптираше вчера во 17:35 часот по локално време.
BREAKING: Mount Lewotobi Laki-laki in Indonesia has erupted <imgsrc=”” alt=”🌋” class=”wp-smiley”>
“There was an eruption of Mount Lewotobi Laki-laki on Tuesday, June 17, 2025, at 17:35 WITA with an observed ash column height of ± 10,000 m above the peak (± 11,584 m above sea level),” said the Volcano Observation… pic.twitter.com/lpWZnHQwk1
— Volcaholic <imgsrc=”” alt=”🌋” class=”wp-smiley”> (@volcaholic1) June 17, 2025
Индонезиската геолошка агенција соопшти дека евидентирала дека вулканот испуштил густи сиви облаци, по значајни вулкански активности, вклучувајќи 50 за два часа, наместо вообичаените дневни 8 до 10 активности. Висината на ерупцискиот столб е забележана на приближно 10 километри над врвот. Столбот од пепел е забележан како сив со густ интензитет, се вели во соопштението.
Агенцијата, исто така, го зголеми нивото на тревога за вулканот на најопасно, предупредувајќи за потенцијални лавински текови доколку врне обилен дожд.
Нема извештаи за штети или жртви.
Шефот на агенцијата за геологија, Мухамед Вафид, рече дека жителите и туристите треба да избегнуваат извршување какви било активности во радиус од најмалку седум километри од кратерот на вулканот.