Клуб Бриж и го нанесе првиот пораз на Астон Вила сезонава во Лигата на шампионите. Бриж победи со 1:0, со голот што го постигна Ванакен од пенал. На пеналот му претходеше неверојатната грешка на Мингс.

“Неговата грешка е многу чудна. Тоа е најголемата грешка што сум ја видел во мојата кариера. Ова се случи само еднаш во мојот живот и тоа се случи вечерва”, изјави тренерот на Вила, Унаи Емери, кој претходно ги водеше Валенсија, Севилја, ПСЖ, Арсенал и Виљареал. .

Астон Вила имаше гол-аут во 51. минута, голманот Емилијано Мартинез мирно ја додаде топката до Мингс, а дефанзивецот на Вила неразбирливо наместо да ја прими топката со нога се наведна и ја зеде топката во раце.

Фудбалерите на Бриж веднаш кренаа раце и побараа пенал, но јасно беше дека и самите не се сигурни што бараат, не им се веруваше дека Мингс навистина направи ваква грешка.

Главниот судија Германецот Тобијас Штилер веднаш досуди пенал.

Текстот (Видео) Емери за бизарниот пенал во Бриж: Вакво нешто не сум видел во кариерата е превземен од МАКФАКС.