Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана член на Торино. Елмас во Торино пристигна од Лајпциг. Германскиот тим го испрати на позајмица до крајот на сезоната. Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
Елмас незадоволен од статусот што го имаше кај Марко Росе реши да го нашушти Лајпциг. Во германија тој пристигна пред една година за 24 милиони евра, откако претходно имаше успешни четири сезони во Наполи.
Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Во Торино Елмас на грбот ќе го носи бројот 11.
A grande richiesta, Back to Italy!
pic.twitter.com/NbOj2DreNL — Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025
Текстот (Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино е превземен од МАКФАКС.