Експлозија од шахта на плоштадот „Тајмс сквер“ предизвика паника во Њујорк и панично бегање на луѓето што се нашле во близина.
Експлозијата се случила вчера околу 19 часот по локално време поради што бил затворен и дел од „Тајмс сквер“. Засега нема информации дека има повредени. Додека во една шахта избувнал и пожар, од други излегувало чад.
Според информациите што ги објавија надлежните служби, до експлозијата дошло поради дефект на кабел за напојување, но не дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија.
На терен набргу излегле полициски и пожарникарски екипи, кои превентивно ги евакуирале луѓето што се нашле во близина.
Huge bang in Times Square around 6:50… followed by sirens and hundreds of people running away. Not sure what it was… but a lot of people on edge! #NYC #TimesSquare pic.twitter.com/nhTtSbKe4S
— Brad Ball (@bdball) April 10, 2022