Корисниците на социјалните мрежи објавија видеа од експлозии во централна Украина откако Русија започна воена операција во земјата.
Снимени се голем број експлозии во близина на аеродромот и складиштето за бомби во Мирхород, во регионот Полтава.
Руските трупи започнаа напад со широк опсег на Украина рано изутринава, а претседателот Владимир Путин ја отфрли меѓународната осуда и санкции и ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање ќе доведе до „несогледливи последици“.
Украинското раководство соопшти дека досега се убиени најмалку 40 луѓе во, како што ја нарече, „целосна војна“ чија цел е земјата од исток, север и југ.