(ВИДЕО) Експлозии во близина на воениот аеродром Милерово и складиште за нафта во руската Ростовска област

Серија експлозии се случија во близина на воениот аеродром Милерово во Ростовската област во Руската Федерација, како и во близина на складиште за нафта, објавија телеграм каналите Кримски ветер и ЕтоРостов.

„Моќни удари на воениот аеродром Милерово во Ростовската област. Жителите известуваат за беспилотни летала и дека имало повеќе од 16 експлозии во близина на аеродромот Милерово, кај селото Долотинка, како и експлозии во близина на магацинот за нафта“, се вели во пораката.

Набљудувачката група на Кримски ветер евидентира пожари во близина на пистата и паркинзите за авиони.

Каналот сподели видео првично објавено на Телеграм каналот за локалните вести на Ростов, во кое видеото е опишано дека прикажува „два големи пожари по нападот на украинските вооружени сили во областа Милеровски“.

Каналот 24hoursukrainenews на социјалната мрежа  Thread го пренесе видеото од телеграм каналот ЕтоРостов на кое се гледа пожар на воениот аеродром Милерово во Ростовската област по нападот со беспилотни летала, со коментар :

Уживајте во вашето викенд утринско кафе сега. Русија гори. Бууууум.

Post by @24hoursukrainenew

View on Threads

Како што е соопштено, 31-от борбен авијациски полк на 1-та мешовита воздухопловна дивизија на Руската Федерација е сместен на аеродромот Милерово.

Руската Ростовска област беше цел на напад со дрон во текот на ноќта, изјави гувернерот Василиј Голубев на 20 јули, пренесува Кијив индипендент.

Ростовската област се граничи со украинските области Донецк и Луганск и често е под напади со беспилотни летала, според локалните власти.

„Во северниот дел на Ростовската област, силите за воздушна одбрана уништија повеќе од 10 беспилотни летала“, рече Голубев на Телеграма околу 3 часот по локално време.

Гувернерот подоцна напиша на Телеграм дека повеќе од 26 дронови биле соборени во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за нападот и соопшти дека во текот на ноќта над Ростовската област биле соборени 26 дронови. Киев Индипендент не можеше да ги потврди тврдењата на Русија.

Драган Мишев