Пејачот Ед Ширан откри во средата, во подкастот на Алекс Купер, дека изградил паб во своето двориште по пример на омилената пивница каде што сакал да оди со пријателите кога бил тинејџер.

„Никогаш не можеш да се опуштиш на начинот на кој што си можел порано, како во моите тинејџерски години, кога одев во паб да се издишам. Сите знаеја дека често посетував пивница, а на мојот имот имаше една стара распадната штала, па си помислив: ‘Зошто да не ја претворам во паб?’“ — изјави пејачот.

Тој вели дека купил стар паб на eBay, кој вклучувал шанк, а изградил и тунел до него. Во тунелот има музичка соба и кино.

„Тоа е мое, мојата машка катакомба“, вели Ширан.

@callherdaddy @Ed Sheeran ♬ original sound – Call Her Daddy

Купер го праша Ед дали пабот има име, а тој одговори дека се вика „Lancaster Look“.

„Тоа всушност е моминското презиме на мојата мајка и моминското презиме на мајката на мојата сопруга“, откри тој и додаде дека во својот паб чува и некои филмски реквизити.

Освен пабот во дворот, Ширан на својот имот во Велика Британија изградил и капела.

„Во капелата пееме божиќни песни, а потоа пиеме греено вино и јадеме пита. Во пабот собира околу 40 до 50 луѓе, но и тоа е премногу“, објасни тој.

Пејачот исто така кажа дека сака да изгради сопствено село околу куќата, поради приватност.

„Знам дека на некој начин звучи чудно да градиш инфраструктура на својот имот за да не мораш да го напушташ… Постојат одредени моменти кои едноставно сакаш да ги поминеш со семејството, а да не те снима некој додека го правиш тоа, особено за Божиќ“, заклучи тој.

Текстот (Видео) Ед Ширан купил паб на eBay и го ставил во својот двор е превземен од МАКФАКС.