Свршеницата на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го гледаше финалето на Лигата на нации во тесен фустан кој ги истакнуваше сите нејзини облини, но и ги наведе многумина да се запрашаат дали е бремена…

Георгина е позната по тоа што сака да ја покажува својата прекрасна фигура и да привлекува внимание со своите модни избори, како на пример на црвениот тепих за прославата на 10-годишнината од Netflix Spain во Мадрид.

Фан-страница посветена на Георгина објави видео од натпреварот на кое се гледа како партнерката на Роналдо го гледа натпреварот од трибините, држејќи ја раката преку стомакот.

Не им требаше долго време на луѓето во коментарите да почнат да шпекулираат дали Георгина е бремена.

Ова доаѓа веднаш по објавата на која Роналдо позира со Георгина и трофејот што Португалија го освои по победата над Шпанија. Оние кои подетално ја погледнале велат дека нејзиниот стомак изгледа „сомнително“ дури и на таа фотографија.

Текстот (Видео) Една снимка откри сè: Дали убавата Георгина е повторно бремена? е превземен од МАКФАКС.