Успешен епилог на спасувачка акција во Ново Мексико откако замрзнати кабли предизвикале заглавување на жичарниците во планините Санди над Албакерки, пренесува Си-Ен-Ен.

Advertisements

Кабините биле застанати на висина од 26 метри, а се наведува дека ниту едно од 21 лице, колку што биле на жичарата, не е повредено.

Портпаролот на противпожарната служба на округот Барналило изјави дека спасувачките тимови прво спасиле 20 лица кои биле заглавени во една жичарница, а неколку часа подоцна спасиле уште едно лице кое било само во друга жичарница.

Прикажи повеќе