ЛА Лејкерс без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Остон Ривс доживеаја дебакл во дуелот со Милвоки Бакс (89:118).
Јанис Адетокумбо со 28 поени доминираше во Лос Анџелес против десеткуваните Лејкерси. На спротивната страна најдобриот меч во кариерата го одигра синот на Леброн, Брони Џејмс. Постигна 17 поени, со пет скока и три асистенции.
Голден Стејт успеа да слави во дуелот со Торонто Репторс 117:114. Стеф Кари не играше во последните 15 минути. Вориорс ги носеше Џими Батлер со трипл-дабл од 18 поени, 12 асистенции и 11 скока. Дрејмонд Грин додаде 21 поен, меѓутоа икс фактор беше Квинтен Пост. Холанѓанецот, кој беше 52. пик на драфтот реализираше шест тројки за 18 поени. Кај гостите Скоти Барнс постигна 29 поени и 10 скока.
Инаку, Вориорс имаат скор од 16-3 откако им се приклучи Џими Батлер.
Резултати:
Шарлот – Њујорк 115:98
Индијана – Бруклин 105:99 пр.
Голден Стејт – Торонто 117:114
Сакраменто – Чикаго 116:128
ЛА Лејкерс – Милвоки 89:118
Текстот (Видео) Десеткуваните Лејкерси без шанси против Јанис и Милвоки е превземен од МАКФАКС.