Дензел Вашингтон, легендарниот 69-годишен актер, со својата едноставност ги воодушеви обожавателите и сите присутни на премиерата на Гладијатор II во Париз. И покрај тоа што присуствуваше на една од најважните филмски вечери во годината, Вашингтон се одлучи за опуштен и ненаметлив изглед – облечен во едноставна блуза со долги ракави, маица, фармерки и сини патики.
Во видеото кое брзо стана вирално на Инстаграм, Вашингтон љубезно разговараше со новинарите и потпишуваше автограми за обожавателите. Неговото однесување предизвика бројни позитивни реакции кај фановите, кои го коментираа како еден од најскромните и најпристапните познати личности.
„Големиот Дензел“, „Погледнете колку е едноставен и скромен“, „Овој човек е легенда“, „Голема почит за него“, „Тој е кралот“, „Милиони на сметка, а не се расфрла“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Текстот (Видео) Дензел Вашингтон ги воодушеви луѓето со својот аутфит: „Овој човек е легенда“ е превземен од МАКФАКС.