Кошаркарите на Денвер го победија Сакраменто со 130:129, со пресврт во последните четири минути. Никола Јокиќ го забележа 10.трипл-дабл во сезоната, а шутот за победа на 8,6 секунди до крајот го погоди Џамал Мареј.

Денвер на четири минути до крајот направија серија 14:3 и се вратија во натпреварот, а во последните 75 секунди предноста шест пати се менуваше. Мареј погоди шут од полудистанца за победа. Денвер во првата четвртина стекна предност од 20 поени, но домашнит тим до полувремето разликата успеа да ја намали на седум поени.

Бекот на Денвер одигра одлична последна четвртина, на крајот заврши со 28 поени, Јокиќ имаше трипл дабл со 20 поени, 14 скокови и 13 асистенции, Гордон постигна 24 поени, на Вестбрук му недостигаше еден скок за трипл дабл (18 поени, 10 асистенции, 9 скока).

Кај „кралевите“ забележавме 29 поени, 5 скока и 7 асистенции на Диарон Фокс, додека 28 поени, 14 скока и 6 асистенции имаше Домантас Сабонис.

Малик Монк постигна 25 поени, 6 скока и 10 асистенции, Демар Дерозан имаше 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.

НБА, резултати:

Шарлот – Филаделфија 108:121
Детроит – Мајами 125:124
Бруклин – Кливленд 101:130
Торонто – Чикаго 121:122
Сакраменто – Денвер 129:130
ЛА Клиперс – Јута 144:107

Текстот (Видео) Денвер го доби трилерот во Сакраменто, 10 трипл-дабл во сезоната на Јокиќ е превземен од МАКФАКС.