Две лица на мотоцикл фрлиле рачни гранати во забавен центар на улицата Парк Џадеси во населбата Хуријет во истанбулскиот округ Кагитане, објавија локалните медиуми.

Нападот се случил околу 1:40 часот по локално време. Седум лица беа повредени, а тројца се здобија со тешки телесни повреди, според написите.

Двајца мотоциклисти фрлија рачна граната на вториот кат од петкатна зграда.

По пријавата, на местото на настанот биле испратени служби за итни случаи, како и експерти за бомби, екипи за откривање на местото на злосторството, специјални сили, екипи за борба против тероризмот и пожарникари.

Текстот (Видео) Две лица на мотор фрлиле бомби во забавен центар во Истанбул, најмалку седум лица повредени е превземен од МАКФАКС.