Џирона во малото каталонско дерби го совлада Еспањол со 4:1 и се искачи на петтото место на табелата. Натпреварот со два гола и асистенција го обележа Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ги постигна првите гоови за Џирона во Примера, претходно постигна два и во Купот на Кралот против Екстрамадура.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
Импресивната партија на Џирона ја заокружи чепкиот репрезентативец Крејчи во 27.минута. За Крејчи ова е првиот гол во дресот на Џирона и тој како и Миовски во летниот преоден рок пристигна на „Монтоливи“.
Честа на Еспањол ја спаси најдобриот играч, капитенот Хави Пуадо во 55.минута.
Текстот (Видео) Два гола и асистенција за Миовски – Убедлив триумф на Џирона против Еспањол е превземен од МАКФАКС.