Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа пораз од Данска (26:32) во финалето на Светското првенство. Данска ја освои четвртата последователна титула светски шампион. До победата ги предводеше најдобриот играч на турнирот и најдобар стрелец, Матијас Гидсел, кој постигна 10 гола.

Последниот гол на натпреварот го постигна капитенот на Хрватска Домагој Дувњак. Данците како вистински џентлмени му дозволија на Дувњак да го постигне својот последен гол во дресот на Хрватска на десетина секунди до крајот.

36-годишниот Дувњак вечерва стави крај на репрезентативната кариера. Еден од најдобрите и најголемите играчи во историјата на хрватскиот ракомет се прости со сребро на Светското првенство, што е негов деветти медал со Хрватска. За жал, ниту еден од нив не беше златен, но без разлика на тоа, Дувњак одбележа цела ера на хрватскиот спорт.

Текстот (Видео) Данците го пуштија Дувњак да го постигне последниот гол за Хрватска е превземен од МАКФАКС.