Граѓаните на Загреб ја продолжија традицијата и напладне скокнаа во езерото Јарун.

Сепак, во споредба со лани, денеска Јарун беше замрзнат.

Но ниту мразот не им беше пречка на дел од жителите на Загреб. Тие кршеле со чекан, а потоа се избањале во водата. Минатата година се капеа на 16 Целзиусови, потсетуваат медиумите во регионот.

Инаку, синоќа во Загреб беше под нулата, а кога капачите скокнаа во Јарун, воздухот беше само 2 степени целзиусови.

Текстот (Видео) Граѓани на Загреб се капеа во замрзнато езеро кршејќи го мразот со чекан е превземен од МАКФАКС.