Секоја година за дочек на Нова година белградските плоштади се преполни со луѓе, но овојпат тоа не беше случај, според медиумите во регионот.

Таму синоќа настапија Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, но публика речиси и да немаше, според написите.

Социјалните мрежи беа преполни со снимки од белградските плоштади. „Има повеќе мобилни тоалети отколку публика“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Харис беше напуштен од неговата сопруга и напуштен од публиката. Се со причина“.

Инаку, на полноќ студентите застанаа и 15 минути молчеа во чест на жртвите во Нови Сад под настрешницата, но Харис продолжи да пее.

Еден корисник на социјалната мрежа Х потоа напиша: „Реално, Харис можеше да престане да пее на тие 15 минути. Ништо на тој мизерен, слабо посетен, пијан концерт немаше да се смени во тие 15 минути“, стои напишано на Х.

Текстот (Видео) Граѓаните на Белград му се налутија на Харис Џиновиќ, се шират снимки од неговиот концерт без публика е превземен од МАКФАКС.