Гори магацин за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ја обвинува украинската армија дека извршила воздушен напад со помош на два хеликоптери.
Тој претходно изјави дека двајца се повредени, но не се во животна опасност. Жителите од околните улици се евакуирани додека пожарникарите се справуваат со пожарот, рече тој.
Ова се случува само два дена откако во регионот, исто така, се случија експлозии во објект за складирање оружје.
Украина засега не презеде одговорност за ниту една од експлозиите.
Огромни облаци чад се гледаат на видеото што на Твитер го објави Некста.
An oil depot is on fire in #Belgorod, #Russia.
“The emergency services went to the place of fire, measures are being taken to eliminate it”, said Gladkov, the governor of the region in his Telegram channel. pic.twitter.com/ey7rC5ChSz
— NEXTA (@nexta_tv) April 1, 2022
Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница и 60 километри од украинскиот град Харков, кој е бомбардиран од руските трупи од почетокот на војната.