Украина во текот на ноќта нападна нафтена рафинерија во градот Сизран во руската област Самара, изјави во средата регионалниот гувернер, пренесува Ројтерс.

„Службите за итни случаи работат на погодената територија. Според прелиминарните информации, нема жртви“, напиша Вјачеслав Федоришчев на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој не прецизираше дали рафинеријата е оштетена. Каналите на Телеграм, База и Маш објавија дека по нападот избувнал пожар.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана уништиле девет украински беспилотни летала во текот на ноќта, над регионите Брјанск, Татарстан и Тула и Црното Море.

Текстот (Видео) Гори руска рафинерија по украински напад: црн чад го покрива небото, пожарот беснее е превземен од МАКФАКС.