Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт, вели Горан Таневски, најавувајќи го јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“, кој ќе се одржи на 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ – Скопје.
„Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ” More” од трилогијата “Среќен сум дури и без себе”, а тоа е – очекувај го неочекуваното. “ вели Таневски.
40 Години Девојка од Бронза :
Горан Таневски – музика, текст, аранжман и вокал
Перо Стефановски (Sanatorium) – гитара, пратечки вокал
Александар Стефановски (Conspiracy) – гитара, бас, едитинг на тапани, микс и мастеринг
Зоран Казаков – труба (снимени во студиото FIS Production)
Видео:
Елеонора Теова – Монтажа
Текстот (Видео) Горан Таневски со „Девојка од бронза“ најави концерт по повод 40 години кариера е превземен од МАКФАКС.