Манчестер јунајтед забележа победа од 3:0 на стадионот „Кинг Пауер“ против Лестер. Повторно, капитенот Бруно Фернандеш имаше клучна улога во победата на „црвените ѓаволи“.

Португалскиот играч за врска повторно беше движечка сила, дури и кога енергијата на теренот опаѓаше. Фернандеш му асистираше на Хојлунд во 28. минута за првиот гол на гостите.

До тој момент, Лестер воопшто не остави лош впечаток. „Лисиците“ имаа добри шанси но беа лоши во реализацијата.

Во вториот дел избраниците на Рубен Аморим сакаа што поскоро да ја обезбедат победата, а Гарначо во 57. минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.

Десет минути подцна повторно Фернандеш одигра важна улога и му асистираше на Аргентинецот кој овојпат можеше да го прослави голот.

Лестер можеше да се врати во 74. минута. Варди ја украде топката, го пронајде Буонаноте, но Де Лигт во последен момент со лизгачки старт спречи гол.

Бруно ја круниса играта со феноменален гол во 90. минута од 18 метри за конечени 0:3.

Со оваа победа Јунајтед ги прескокна Тотенхем и Евертон во поредокот, сега на 13. место со 37 бодови, додека Лестер е 19. со 17 бодови.

Текстот (Видео) Гол и две асистенции за Фернадеш, Јунајтед победи во Лестер е превземен од МАКФАКС.