Реал Мадрид лесно и убедливо ја порази Севилја со 4:2 во 19.коло. Ова беше 12-та победа за тимот на Карло Анчелоти оваа сезона од 18 натпревари. Реал има бод помалку од лидерот Атлетико, со потсетување дека и тимовите од Мадрид имаат натпревар повеќе од моментално третопласираната Барселона.
Реал, кој неодамна ја освои светската круна, лесно се справи со Севилја, во чии редовои легендарниот Хесус Навас, ги одигра последните 25 минути во кариерата.
По првиот дел резултатот беше 3:1 благодарение на головите на Мбапе, Валверде и Родриго. Голот за гостите го постигна Ромеро.
Најсилен впечаток кај навивачите дефинитивно остави голот на Мбапе во 10. минута, кога од 18 метри го погоди горниот десен агол од голот на гостите и му донесе водство на Реал. Тоа беше 14-ти гол за Французинот во дресот на Реал Мадрид, а десетти во Ла Лига
Дијаз во 53. минута зголеми на 4:1, а гостите преку Лукебакио постигнаа уште еден утешен погодок во финишот на натпреварот.
Севилја остана на 12-тото место на табелата во сезона, во која се соочува со големи финансиски проблеми тешко може да смета на подобра позиција.
Текстот (Видео) Голчиште на Мбапе, Реал рутински се справи со Севилја е превземен од МАКФАКС.