Фудбалерите на Тигрес го победија Монтереј со резултат 2:1 во дербито од 15. коло на мексиканскиот шампионат.
Домашната екипа победи на спектакуларен начин, со головите во 90. и 90+5. минута.
Стрелци беа Франциско Кордова и Николас Ибањез, за делириум на фановите на Тигрес, кои знаеја да ја прослават победата над градскиот ривал.
Голот за гостите, во 51. минута од пенал, го постигна славниот Шпанец Серхио Рамос, по несекојдневна „игра на нерви“ и провокација на ривалскиот голман, Аргентинецот Нахуел Гузман.
Непосредно пред судијата да даде знак дека пеналот може да се изведе, голманот на домашните му го сврте грбот на Рамос и остана во таа положба додека на Шпанецот не му беше дадено „зелено светло“ да го изведе ударот.
Искусниот Рамсо не падна на оваа провокација, мирно го изведе пеналот и погоди.
JAJA, el SHOW del Patón Guzmán a Sergio Ramos.
pic.twitter.com/LZm6quRfJn — Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 13, 2025
Натпреварот на стадионот „Сан Николас де лос Гарза“ беше тензичен, а покрај трите гола, од кои два во судиското надополнување, беа покажани и три црвени картони.
Судијата исклучи двајцата гостински играчи Херман Бертераме (73) и Оливер Торес (79), додека Диего Лаинез (47) заработи црвен картон во 47.минута.
Текстот (Видео) Голманот свртен со грб го чекаше пеналот на Рамос е превземен од МАКФАКС.