Фудбалерите на Галатасарај ја освоија 25-та титула шампион на Турција и со тоа ја комплетираа „двојната круна“.
На две кола пред крајот, тие ја зачуваа недостижната предност од осум бода пред најголемиот ривал Фенербахче.
Галатасарај ја продолжи доминацијата во турскиот фудбал, а титулата ја потврди со победа од 3:0 над Кајзери.
Стрелци на стадионот „Али Сами Јен“ беа Виктор Осимен и Барис Јилмаз во првото полувреме, односно голманот Фернандо Муслера во второто полувреме.
Уругвајскиот голман постигна гол од пенал во 88-та минута.
GOOOOLLL FERNANDO MUSLERA pic.twitter.com/6cfpB8AWjt
— Ali Sami Yen Sokak (@ASYSokakcom) May 18, 2025
Навивачите однапред се подготвуваа за прославата на титулата, но и за Денот на младите и спортот утре 19. мај, ден со кој се обележува сеќавањето на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Република Турција.
Потоа, навивачите на Галатасарај имаа порака за најголемата ѕвезда, Виктор Осимен.
„Остани со нас, Оси! Не затоа што мораш, туку затоа што сакаш“.
Осимен оваа сезона ја одигра како позајмен фудбалер од Наполи.
Текстот (Видео) Голманот Муслера со гол ја „завери“ 25-та титула на Галатасарај е превземен од МАКФАКС.