
Предупредувањата на метеоролозите се остварија, Германија ноќеска ја погоди големо невреме.
Противпожарните и полициските единици пријавија повеќе соборени дрвја, оштетени автомобили и неколку помали штети на станбени згради.
Портпаролот на противпожарната служба во градот Кил изјави дека минатата ноќ добиле 47 повици за интервенции на терен. Тој додаде дека е оштетена автобуската станица во Фленсбург.

Службените лица вработени во институциите предупредија на можни доцнења на возот во текот на претпладнето.
Противпожарната бригада на Берлин прогласи вонредна состојба и соопшти дека имаат зголемен број на интервенции во текот на ноќта.
Германската метеоролошка служба (DWD) го стави најголемиот дел од земјата „под црвено“.