Дождот што паѓаше во текот на ноќта создаде големи проблеми во кантонот Сараево. Освен што се поплавени патишта во главниот град на Босна и Херцеговина, многу населени места се под вода и без струја, пренесува порталот Klix.ba.

Читателите на тој портал известуваат дека поради обилните врнежи и излевање на потоци и реки, повеќе куќи се поплавени на многу места во Сараево и неговата околина.

Реките Железница и Тилава направија проблеми, па голема количина вода се излеа во дворовите во населбите Отес, Влаково, Бутмир и Доњи Которац. Во тие населени места нема струја.

Поради високото ниво на вода на улиците, во прекин е сообраќајот на тролејбуси кон Добриња. Радио Сараево на својата веб-страница објави видео на кое е прикажана реката Миљацка која достигна длабочина од 208 сантиметри и има тенденција на раст.

Прикажи повеќе